Верувале или не: Зеав ќе гостува на Сител

by Фокус 12:07
12:07

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на својот ФБ профил напиша дека по многу години конечно ќе гостува во вестите на режимската телевизија Сител во 19 часот. По интерјуто кај уредничката Лидија Богатинова на Канал 5 ова е второ гостување на Заев на провладин медиум откеко е претседател на СДСМ и откако ги објави прислушуваните материјали.

Во дуелот што Заев го имаше со Богатинова остана запаметено дека лидерот на СДСМ гостувал на таа телевизија по нечија наредба. За вечерашното гостување уште не се знае дали имало нечија наредба, но познато е дека Сител преку вестите неколку пати јавно го повикуваше Заев да дојде во студиото. Најверојатно домаќин на Зaев ќе му биде уредникот Драган Павловиќ Латас, освен ако самиот Латас не одлучи поинаку, па да остави разговорот да го води некој од другите уредници.

- Advertisements -

Поврзани новости