Веро отвора нов маркет во Карпош 3

by Фокус

Компанијата „Веропулос“ во сабота свечено ќе го отвори својот 12. Веро маркет во земјава лоциран во скопската населба Карпош 3. Големото отворање ќе се одбележи со многу изненадувања за децата и возрасните, попусти на различни производи, промотивни акции и дополнителен попуст за пазарување во „Џамбо“. За најмладите е предвидена забавна програма во која Веро, заедно со омилениот детски јунак Петко и неговиот бенд „Пет плус“ преку песна и дружење ќе ги едуцираат децата за значењето на здравата храна.

Маркетот ќе биде отворен од осум часот, а почнувајќи од 11 часот посетителите ќе може да дегустираат различни производи и здрава храна и да се забавуваат со многу музика и балони. Дружбата со Петко и бендот „Пет плус“ ќе почне во 12 часот, а во текот на следниот час најмладите ќе уживаат во хитовите на бендот, но и ќе научат нешто повеќе за здравите намирници. Изненадувањата за потрошувачите ќе продолжат и во следните неколку денови. За секоја сметка над 1.000 денари направена во новиот маркет во Карпош 3 во периодот од 5 до 8 мај, следува дополнителен попуст од 100 денари за пазарување во Џамбо до крајот на мај.

Новиот Веро маркет е лоциран во близина на зградата на Прокредит банка во населбата Карпош 3. Маркетот располага со продажен простор на едно ниво, а пред објектот има сопствен паркинг наменет за потрошувачите. Исто како и во останатите Веро маркети, тој ќе нуди широка палета производи од македонски производители, но и ексклузивни производи од увоз. Заедно со вработувањата во новиот маркет, бројката на вработени лица во Веро ќе се искачи на околу 1.100.

Во изминатите 20 години колку што е присутна на македонскиот пазар, компанијата Веропулос има отворено осум маркети во Скопје и по два маркета во Битола и Тетово, како и четири продавници „Џамбо“ во овие три градови. Ова компанија е сопственик и на франшизата за ресторанот за брза храна „Гудис“.

Поврзани новости