ВЕРО ќе прави попис на денот на изборите, присуството задолжително

by fokus

На вработените во синџирот супермаркети „Веро“ вчера им била прочитана одлука дека неделата, на 11-ти декември, на денот на предвремените парламентарни избори, сите вработени ќе треба да дојдат на работа, заради правење попис, јави ЦИВИЛ.

Слуачајот, до Центар за слобода го пријавила вработенаа, која побарала да биде анонимна, а која се сомнева дека ваквата одука е обид да се спречат вработените да излезат на гласање.

ЦИВИЛ Медиа стапи во контакт со правната служба на „Веро“, од каде ја потврдија информацијата.

-Да, точна е информацијата, меѓутоа, работното време е од 8,30, затоа што е ден на избори. И затоа, малку го поместивме времето, некој што ќе сака утрото, од 7 часот, да оди да гласа, да го реализира тоа право, а за тие што нема да бидат во можност утрото, ќе организираме групи во текот на работниот ден. Колку групи ќе бидат потребни не можам да ви кажам, бидејќи не знам колку од нив ќе гласаат пред да почне пописот – изјави Бојана Николовска, од правната служба на ВЕРО.

На прашањето, зошто донеле ваква одлука, особено со оглед на фактот што досега, „Веро“ секоја година, спроведувал попис – на втори јануари, Николовска вели: Тоа не знам да ви кажам, тоа е одлука на фирмата.

Поврзани новости