Верижен судир во близина на Гостивар, еден од возачите со тешки повреди

by Фокус 13:50
13:50

Три возила учествувале во верижен судир вчера на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на асвалтната база “Пелагонија“ во Гостивар.

Како што информираше Министерството за внатрешни работи, во сообраќајната незгода учествувале “голф“ управувано од Ф.О.(34), “Лупо“ управувано од З.М.(58) и “Киа“ управувано од Т.А.(59), сите од Гостивар.

- Advertisements -

Во незгодата З.М. се здобил со тешка телесна повреда, додека возачот Т.А и уште седум сопатници од трите возила се здобиле со телесни повреди и истите биле пренесени во Медицинскиот Центар во Гостивар за укажување на лекарска помош.

Поврзани новости