Венко Филипче: Се потпишав за реформи на Медицинскиот факултет, не знаејќи дека се работи за контра пленум и за лажни информации

by Fokus

Неврохирургот Венко Филипче, кој е можен кандидат за министер за здравство во владата на Зоран Заев не негира дека бил член на Професорскиот контра пленум, но тврди дека тогаш, во тој период од специјализант бил информиран дека потпишува иницијатива за наводни реформи на Медицинскиот факултет.

„Подоцна излезе дека тоа биле лажни информации на некаков контра пленум, што немаше допирна точка со првично презентираните информации. Не сум имал никакви активности, ниту сум бил член на некаков контра пленум, ниту сум се согласувал со таквите ставови. Јас бев и останувам поддржувач на сите демократски промени кои се случуваат и треба да се случуваат во Македонија, вклучително и неопходните реформи во здравството и образованието“ – истакна Филипче во изјава за „Фокус“.

Неврохирургот во моментот е советник за здравство во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Неговото име е најактуелно како нов министер за здравствство, откако веќе три месеци министерското столче е празно откако Арбен Таравари стана градоначалник на Гостивар.

И.М.

 

 

 

 

Поврзани новости