Венко Филипче дефинитивно е новиот министер за здравство

by Fokus 15:51
15:51

Премиерот Зоран Заев донел конечна одлука Венко Филипче да биде новиот министер за здравство дознава „Фокус“ од извори во владата.

Според нашите извори, доктор Филипче во моментот е повикан на состанок во Влада, каде што најверојатно ќе му биде соопштена одлуката дека тој ќе управува со министерството за здравство.

- Advertisements -

Денеска конечно паднала одлуката неврохирургот да седне на министерското столче, кое веќе три месеци е без министер откако Арбен Таравари од Алијансата за Албанците стана градоначалник на Гостивар.

Се очекува предлогот од влада да биде доставен до Собрание.

И.М.

Поврзани новости