Венко Андоновски на „книжевни разговори“ со валандовчани

by Фокус

На 20 ноември (среда) во 19 часот во Домот на културата во Валандово ќе се одржи настанот „Книжевни разговори“ со професорот и автор Венко Андоновски, на кој ќе бидат отворени голем број прашања формулирани врз основа на творештвото на авторот и прашања кои што ќе изнесат негови ставови и видувања.

Дел од настанот ќе биде и издавачкиот центар „Три“ и присутните ќе можат да си ја купат омилената книга од авторот со посвета. Дружбата со писателот, есеист и критичар ја организира Домот на културата во Валандово во соработка со општината и градоначалникот Перо Костадинов.

Андоновски е еден од најплодните македонски писатели. Зад себе има голем број на драми, романи и раскази. Добитник е на многу награди за своите книжевни дела, кои се преведени на повеќе јазици.

Поврзани новости