Венизелос: Блокадата на Франција ја нарушува рамнотежата на Преспанскиот договор

by Фокус

Неотпочнувањето пристапни преговори со Северна Македонија значи доцнење на вистинската внатрешна употреба на сложеното име, изјави поранешниот лидер на ПАСОК, Евангелос Венизелос, кој во минатото беше и шеф на грчката дипломатија.

– Одбивањето на Европскиот совет за започнување пристапни преговори мислам дека влијае негативно за Грција во однос на рамнотежата на Договорот од Преспа. Во член 1 параграф 10 од Договорот предвидено е дека политичкиот преоден период за употребата на сложеното име во документите што се издаваат во внатрешноста на договорната страна зависи од отворањето на поглавјата во пристапните преговори. Според тоа, неотпочнувањето пристапни преговори повлекува доцнење на вистинската внатрешна употреба на сложеното име, односно доцнење во однос на „ерга омнес“ употребата на името – објаснува Венизелос.

Според него, исходот од Самитот на ЕУ е проблематичен, бидејќи внатрешно-политичките интереси ја одредиле позицијата на Франција.

Поврзани новости