Велосипедист повреден во сообраќајка во Скопје

by fokus 13:49
13:49

На улицата „Никола Тесла” во Скопје патничко возило „Мазда” со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Г. (69) од Скопје, вчера удрило во велосипед управуван од Д.Љ.(29) од Скопје.

Од ударот со повреди се здобил  Д.Љ., кој бил пренесен во  комплексот клиники „Мајка Тереза”  каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан за понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости