Велосипедист нападнат од група кучиња

by fokus

Дваесетгодишен маж од Скопје преијавил дека вчера, додека се возел на велосипед покрај кафулињата на кејот на Вардар, бил нападнат од група кучиња, при што се здобил со повреди на ногата.

-На 22.12.2017 година во 11.30 часот С.Н.(20) од Скопје, пријавил дека истиот ден на кејот на реката Вардар, пред кафулињата на плоштадот бил нападнат од група кучиња додека се возел со својот велосипед. Од страна на лекар констатирани му се повреди на десната потколеница, информираат од МВР.

Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи се појави информација дека на куче во уста му била ставена петарда, од страна на неколку деца, по што му се разнела вилицата, но во дневниот билтен на МВР нема информација за овој настан.

Поврзани новости