Велковски од Лозово: Народот ме сака, ќе победам!

by fokus

Според податоците на ДИК, актуелниот градоначалник на Општина Лозово и кандидат за втор мандат, Ацо Велковски од редовите на СДСМ води со 44, 78% од гласовите, наспроти 27,58% колку што освоил кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Бошко Цветковски.

Во Лозово ќе има и втор круг на гласање, а Велковски за ,,Фокус” вели дека нема сомнеж во победата.

-Секако дека победуваме! Јас имав четворица противкандидати, и овој резултат само покажува дека народот ме сака и верува во мене. Имаше доста игри и опструкции од страна на опозицијата, бев критикуван во јавност и напаѓан, но сите тие напади и критики доаѓаа од спротивната страна. Чесниот народ ме познава добро, затоа и ми ја даде својата доверба. Одиме на победа во вториот круг – порача тој.

Покрај Бошко Цветковски од ВМРО ДПМНЕ, негови противкандидати беа и Јовица Анакиевски од ТМРО, Велин Николов од Подем и Јордан Павлов од ГИ Јордан Павлов.

Вики Клинчарова

Поврзани новости