Величковиќ: Ова е масло на Митко Чавков!

by fokus

Началникот на кумановската полиција, Стојанче Величковиќ, во чиј дом вечерва упадна полицијата и се обиде да го уапси, вели дека ова е монтиран случај против него за да го заплашат, бидејќи како што рече, спречил обид за изборен криминал во Куманово.

– Во 16.40 дојдоа, упаднаа кај мене дома со униформи, со маски и со автомати и ми го преплашија семејството. Почнаа да прават претрес. Не гледам каде сме направиле грешка затоа што изборите беа спроведени фер и демократски. Ова е монтиран процес од Митко Чавков и инспектори што се заштитени како бели мечки. Сакаат да ме заплашат за победата во Куманово. Сакаат да ме затворат и да ме заплашат. Изборите во Куманово беа спроведени регуларно. Инспекторот беше коректен, ми соопшти дека се работи за некоја наредба, бараа некои списи кај мене. Ми го гледаа тефтерот, бараа некои документи. Наредбата е од Основно јавно обвинителство од Скопје. Целта е да ме заплашат зашто работам професионално. Ова е тенденциозно, фингирано, но јас ќе ја истерам ситуацијата до крај – изјави Величковиќ пред толпата граѓани пред неговиот дом, кои не и дозволуваа на полицијата да го упаси началникот.

Припадниците на полицијата при претресот одзеле документација, но не го приведоа Величковиќ, бидејќи не пронашле никакви докази за кривично дело.

Фото: Meта.мк

Поврзани новости