Велешаните кои се збогатија со лажни вести за Трамп, станаа глобална атракција

by fokus

Тинејџерите од Велес кои заработувале пари преку пропагандни сајтови и лажни вести во корист на Доналд Трамп, станаа глобална атракција. Светските медиумите пишуват дека велешаните, со аресивна кампања, освен што се обогатиле, влиаеле на изборите во САД и му помогнале на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Трамп, да седне во Белата куќа.

-Еј, вие, македонски тинејџери! Престанете! Зошто не можете да правите нормални тинејџерски работите како и другите тинејџери? Нешто како ставање петарди во поштенски сандачиња… или да украдете кукла и да ја запалите во шума… – му порача на „печалбарите”, aмериканскиот комичар Стивен Колбер во своето најново шоу Колбер.

Инаку, неколку дена пред да се одржат претседателските избори во САД, светски влијателната веб-страница „Базфид“ во опширна анализа откри дека најмалку 140 веб-страници на жители од Велес објавувале агресивна пропаганда за Трамп. Според „Базфид“, Велес, град од 45.000 жители, доживеал дигитална треска.

За „бизнисот” на велешевските тинејџери пишуваа и „Јаху њус“, австралиската „Еј-би-си њус“, „Њујорк магазин“, „Интернејшнл бизнис тајмс“ како и шпанскиот „Ел конфиденсијал“.

Поврзани новости