Велешанец хоспитализиран во Клинички центар откако паднал од покрив на црква

by fokus

Вчера претпладне, 65-годишен жител на Каласлари, велешко, се здобил со тешки телесни повреди, откако паднал од покрив на црква.

„На 18.04.2019 година во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 10.30 часот Д.Т.(65) од с.Каласлари, велешко, паднал од покрив додека извршувал градежни работи на црквата „Покровение на Богородица“ во с.Каратманово, општина Лозово, при што се здобил со тешки телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во болницата во Велес, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид  на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе“, соопштува МВР.

Поврзани новости