Велешанец хоспитализиран по сообраќајка со воз

by Fokus

Жител на Велес бил тешко повреден по сообраќајка со воз помеѓу станиците на Велес и Чашка, при што веднаш бил хоспитализиран, пренесуваат од МВР.

„На 18.07.2021 во 16.30 часот било пријавено дека на пругата помеѓу железничките станици Велес и Чашка, поточно на патен премин кај с.Горно Оризари се случила сообраќајна незгода помеѓу товарен воз кој сообраќал на релација Прилеп-Трубарево и патничко возило „цитроен берлинго“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.П.(46) од Велес. Во незгодата, возачот Е.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Велес. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес“, додаваат од МВР.

Поврзани новости