Вељаноски во вторник закажа координација за собраниска седница

by fokus

Претседавачот со Конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав, Трајко Вељаноски, соопшти дека денеска во Собранието му било доставено барање од 67 пратеници за закажување на продолжение на конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав, започната и прекината на 30 декември 2016 година.

„Од тие причини, а после извршените консултации со овластените претставници на политичките партии застапени во парламентот, закажав координативна средба за вторник, 21 март 2017 година, во 12 часот. На координативната средба треба да биде утврден предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и именувањата кој ќе послужи како основ за закажување на продолжение на Конститутивната седница на Собранието на Република Македонија“, соопшти Вељаноски.

Поврзани новости