Вељаноски стана од претседателското место, седнува Манојловски?

by fokus

По завршувањето на седницата, пратениците на СДСМ останаа во салата и бараат да се гласа за претседател на Собранието. Во моментов, претседавачот Трајко Вељаноски стана од претседателското столче, но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ стојат околу претседателското место.

Дел од пратениците од СДСМ го повикуваат најстариот пратеник Бранко Манојловски да го преземе претседавачкото место и да продолжи да претседава со седницата.

Влатко Стојановски

Поврзани новости