Вељаноски: Јанева носи срамни одлуки и тоа намерно пред празници

by fokus

Откако СЈО утрово соопшти дека го повлекува обвинението во случајот „Пуч“, бидејќи, како што рекоа, тоа е целосно спротивно на доказите со кои располагаат, со реакција се огласија од ВМРО-ДПМНЕ.

Трајко Вељаноски рече дека Катица Јанева вообичаено „срамните одлуки ги носи пред празник, надевајќи се дека празниците ќе го покријат нејзиното партиско и политичко постапување.“

Од партијата велат дека е ова било уште еден доказ дека СЈО не работи независно и согласно закон, туку по наредбите на Зоран Заев и нарачателите од странство.

Поврзани новости