Вељаноски ја повика меѓународната заедница ако сака да ги следи изборите да ја извести ДИК

by fokus

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, упати покана до претседателот на Европскиот парламент и до претседателите на парламентарните собранија на ОБСЕ, на Советот на Европа и на НАТО за набљудувањето на изборите да ја известат Државната изборна комисија.

-Претседателот Вељаноски упати покани до претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Кристине Мутонен, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Педро Аграмунт, и до претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Р. Тарнер, за намерата да учествуваат во набљудувањето на предвремените избори на пратеници во Собранието на Република Македонија да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите – стои во соопштението од кабинетот на Вељаноски.

Поврзани новости