Вечерва во сите скопски општини воздухот е отровен, само во Сопиште дишењето не е опасно по здравјето!

by fokus

Скопје вечерва се гуши во загаден воздух. Мерните станици за ПМ 10 честички во речиси сите општини покажуваат над 100 милиграми на метар кубен. Нивото на ПМ 10 честичките е највиско во Ново Лисиче и изнесува 362 милиграми на метар кубен.

На второ место е населбата 11 Октомври со 181 милиграм на метар кубен. Загадено е и во Ѓорче Петров, Автокоманда, Центар, Гази Баба…

ПМ 10 честичките во граници на дозволеното (под 50 милиграми на метар кубен) се само во Сопиште и изнесуваат 17 милиграми.

Освен Скопје, се гуши речиси и цела Македонија. Нивото на ПМ 10 честички е далеку над дозволеното и во Тетово, Куманово, Свети Николе, Битола, Гевгелија, Гостивар, Охрид, Кавадарци, Кичево, Кочани, Струмица…

Податоци: Апликација AirCare

К.С.

Поврзани новости