Вечерва, утре и задутре нови врнежи од снег

by fokus

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави дека ноќеска ќе има врнежи од снег со слаб интензитет. Врнежите ќе почнат од југозапад откако нашето подрачје ќе потпадне под периферно влијание на циклонска активност во Медитеранот.

Врнежи од снег ќе има и утре, кога ќе бидат повремени. Во југоисточните делови ќе има и дожд и снег, а во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет. Висината на снежната покривка нема значително да се зголеми, на планините ќе биде од пет до 10 сантиметри.

Во среда претпладне ќе има врнежи од снег со слаб интензитет, а поради спуштање на постудена воздушна маса ќе дува и умерен ветер од северен правец.

Поврзани новости