Вечерва средба на Ковачевски со коалициските партнери во Клуб на пратеници

by Fokus

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во 20 часот во Клубот на пратеници ќе одржи средба со лидерите на коалициски партнери на СДСМ, потврдија за МИА дел од коалициските партии.

Ковачевски денеска во изјава за новинарите рече дека разговарал и оти и денеска ќе разговара со добар дел од коалициските партнери, во однос, како што вели, за функционирањето на темите што се значајни за работењето на Владата, а од интерес за граѓаните.

– Исто така, имам разговарано и со партијата Алтернатива, односно со нејзиниот претседател, бидејќи имаме редовни состаноци, меѓутоа немаме разговарано за детали за влегување на нов партнер во Владата, бидејќи такви детали не се разговарани со потенцијален нов партнер. Тоа исто така ви го потврди и претседателот на Алијанса, дека ние сме политички партии, вклучително и Алијанса за Албанците, што сме за продолжување на европскиот пат на државата, меѓутоа дека во однос на конкретни разговори за програмски и кадровски детали немаме разговарано, рече Ковачевски.

Поврзани новости