Вечерва премиерно филмот „Ослободување на Скопје“, во која претстава во 1977 година главната улога ја играше Никола Младенов

by Fokus 22:08
22:08

Македонскиот филм, кандидат за наградата Оскар, „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде и Данило Шербеџија вечерва ќе биде премиерно прикажан во Скопје, објави телевизија 24Вести.

По својата светска премиера на сараевскиот филмски фестивал и македонската премиера на отворањето на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола, вечерва скопската публика ќе има можност да го погледне филмот чие сценарио се базира врз текстот на истоимената театарска претстава на авторот Душан Ивановиќ.

- Advertisements -

Со овој филм режисерите направија враќање на претставата, која во 1970-тите години беше вистински хит на екс југослвенските простори. Во Скопје таа беше премиерно изведена во 1977 година, во режија на Слободан Унковски, а главната улога ја играше покојниот Никола Младенов, сопственик на неделникот „Фокус“,во тоа време член на Детската радио драма на Радио Скопје.Во македонската претстава, покрај Младенов уште играле и  Ацо Јовановски, Нада Гешовска, Снежана Стамеска, Мето Јовановски, Стево Спасовски, Ванчо Петрушевски и други.

Со својата актерска игра, Младенов ја освоил и наградата „Златен ловоров венец” за најдобро актерско остварување.

Во изјава за 24Вести, една од актерките Снежана Стамеска објаснува дека каде и да отиделе во тоа време, секаде победувале.

– Бевме театар. Ептен добра екипа бевме – се потсетува Стамеска.

 

Поврзани новости