Вечерва без вода дел од жителите во населбите Лисиче и Чаир

by Fokus

Поради уличен дефект вечерва ќе има прекин во водоснабдувањето во скопските населби Лисиче и Чаир, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Вечерва поради уличен дефект на цевка од Ф-80мм на улицата Тодор Чангов крак 48 во населба Лисиче, ќе биде прекинато водоснабдување на корисниците од крак 12 до крак 56.

Прекинот со водоснабдување започна во 22.15 часот, а санирање на дефектот ќе биде утре и ќе трае до завршување на работите.

Поради уличен дефект од Ф-80мм вечерва од 22 часот е прекинато водоснабдувањето и на улицата Ордан Чопела 92 во населбата Чаир.

Санирање на дефектот ќе биде утре и ќе трае до завршување на работите.

 

Поврзани новости