Вечерни преговори за специјалниот обвинител

by Фокус

Во Клубот на пратеници вечерва започна новата средба на претставниците на четирите најголеми политички партии за спроведување на договорот од Пржино со кој треба да се надмине политичката криза во земјава. Тема на денешните преговори е назначувањето на специјален обвинител, но ќе се разговара и прашањата поврзани со изборниот процес.

На средбата присуствуваат и странските експерти Питер Ванхоуте и Џејмс Хамилтон, кои ги надгледуваат преговорите. Претставници на Претставници на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите се Никола Попоски и Никола Тодоров, на СДСМ: Дамјан Манчевски и Цветанка Иванова, на ДУИ: Муса Џафери и Артан Груби и на ДПА: Беким Фазлиу и Имер Алиу.

Поврзани новости