Веб страницата на Бигорскиот манастир двојазична со македонска и грчка верзија

by fokus 20:21
20:21

Една година по објавувањето на новиот сајт на манастирот „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир објавена е и верзијата на грчки јазик.

– Исто како и пред една година и сега во чест на Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден, објавена е верзја на манастрскиот сајт на грчки јазик, велат од Бигорскиот манастир.

- Advertisements -

Во најскоро време, со Божја помош, додаваат, ќе се погрижиме и за верзија на англиски јазик.

– Сите содржини што се однесуваат на манастирот се преведени, освен неколку, за кои ќе се погрижиме да ги завршиме во најкус можен рок. Во грчката верзија не се застапени поучните слова, како ни вестите од светот, зашто постојат многу такви веб-сајтови на тој јазик и сметаме дека нема потреба за такво нешто, посоуваат од Бигроскиот манастир.

Поврзани новости