Вчера казнети 105 возачи во Центар

by fokus

Министерството за внатрешни работи вчера во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територијата на Општина Центар изрече вкупно 105 мерки, меѓу кои пет за возење без возачка дозвола, четири за нерегистрирани возила, а 10 мерки за возење под дејство на алкохол.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости