Вчера фатени 58 мигранти во Липково и Петршино

by fokus

Во текот на вчерашниот ден, полицијата фатила вкупно 58 нелегални мигранти во општина Липково и во Пробиштип.

Во поширокиот реон на с.Лојане, општина Липково, по претходно добиени оперативни сознанија и информации за зголемено присуство на лица и групи на мигранти, извршена била координирана акција и претрес на теренот.  Притоа биле откриени и фатени вкупно 53 лица мигранти од Авганистан и Пакистан (43 мажи, 3 жени и 7 деца).

На патот с.Неокази-Свети Николе, во с.Петршино, полициски службеници од ПС-Пробиштип,  при контрола на ПМВ „Ауди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.М. (29) од с.Калаузлија  и ПМВ „Нисан Сани“ со штипски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое побегнало, биле пронајдени пет лица мигранти од Пакистан. Лицата биле пренесени во ПС Пробиштип за понатамошна постапка.

Поврзани новости