Млад брачен пар, парите од свадба ги донираа за струмичанец, кој пред неколку години имал тешка сообраќајка, не може да се движи и зборува

by Fokus

Парите од нивната свадбена веселба, Живе Коцев и Марија Кармазова од Струмица ги  донираа за нивниот сограѓанин Никола Новоселски, пренесе „Струмица денес“.

Со овој гест докажаа дека вербата во луѓето не треба никогаш да ја изгубиме и дека доброто на овој свет се’уште постои!

„Фала од срце за донацијата од вашата свадбена веселба која лично ја донесовте. Да сте живи и здрави и среќен брак“ – напиша мајката на Никола.

Триесет и двегодишниот Никола Новоселски од с. Муртино-Струмица пред неколку години доживеа тешка сообраќајна несреќа од која се уште се опоравува. Се здоби со тешки телесни повреди на главата кои предизвикаа трајни последици и се уште се наоѓа во коматозна состојба, без можност да се движи и зборува. По краткото неуспешно лекување во клиниките низ Македонија, беше пуштен на домашно лекување во видно влошена здравствена состојба по што следуваше макотрпна секојдневна борба на неговите најблиски да му овозможат адекватна нега и лекување во домаши услови и на свој трошок.

Поврзани новости