Васко Наумовски: Бугарија работи во корист на сопствената штета

by Fokus

Поранешниот вицепремиер за европски прашања и амбасадор во САД, Васко Наумовски во интервју за Прес24, за спорот со Бугарија смета дека треба да го имаме предвид и фактот дека таму се наоѓаат во предизборен период, како и дека дел од партиите во владата на Бојко Борисов се исклучително заинтересирани ова прашање да се држи отворено.

„Унијата е синоним за заедничка иднина, модернизација и напредок, а не за враќање назад и проблематизирање на прашања кои би требало да се решаваат од страна на историчарите, согласно научна методологија и со правилна проценка на историските извори Бугарија постојано повикува за прекин на т.н. антибугарска пропаганда, но со овие чекори само ќе се зајакнат негативните ставови кон Бугарија, односно сега Бугарија всушност работи во корист на сопствената штета“, вели Наумовски.

Поврзани новости