Васил Зафирчев се подмлади со ботокс: Важно ми е да си ја негувам кожата!

by fokus

Популарниот актер Васил Зафирчев ги измазни брчките на лицето со ботокс. Со цел да ги спречи знаците на стареење на горниот дел на лицето, тој посетил специјалистичка ординација по естетска медицина, и на социјалните мрежи појасни дека му се важни изразите на лицето како дел од неговата професија, но истовремено сакал да биде и негуван.

-Како актер, моите гестикулации и изрази на лицето се многу важни, бидејќи ја доловуваат суштината на ликот кој го толкувам. Но, притоа важно ми е да ја негувам кожата и колку што е можно да ги спречам знаците на стареење. Ботоксот
е најдобра опција за измазнување на брчките на горната половина од лицето. Ви овозможува да ја задржите природноста на мимиките, без притоа да ви се создаваат длабоки линии – порача тој, споделувајќи детали за ординацијата каде го направил естетскиот зафат, задоволен од, како што вели, одличните цени.

Инаку, Зафирчев за неколку недели ќе наполни 41 година. Познат е по улогата на Марио во ,,Преспав”, и има голем број на театарски улоги во својата кариера. Исто така, добитник е на низа престижни актерски награди и признанија, а јавноста се сеќава и на неговиот брак со поп пејачката Калиопи, кој траеше од 2004 до 2011 година.

Сепак, тие не кријат дека и по разводот останаа во одлични односи, а во декември минатата година се пофалија на социјалните мрежи дека заедно го прославиле 54-от роденден на Калиопи.
Тогаш на нашето прашање како им успеа по разводот да останат блиски, Зафирчев ни одговори дека со Калиопи одамна решиле да не коментираат ништо на темата, бидејќи што и да изјавеле, ќе било тотално диспласирано.

Вики Клинчарова

Поврзани новости