Вашингтон: Русија не го почитува последниот нуклеарен договор што ги поврзува

by Fokus

САД денеска соопшти дека Русија не го почитува договорот „Нов СТАРТ” (Strategic Arms Reduction Treaty) од 2010 година, последниот договор за нуклеарно разоружување што ги поврзува.

Американскиот Стејт департмент ја критикуваше Москва за прекин на инспекциите и откажување на преговорите според договорот, но не ја обвини за проширување на својот нуклеарен арсенал над договорените граници.

Републиканците, кои по изборите во ноември освоија мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, побараа од шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен до денеска да им каж е дали Русија го прекршува договорот.

„Русија не ја почитува обврската што и е наметната со договорот ‘Нов СТАРТ’ да дозволи инспекција на нејзина територија”, изјави портпаролот на Стејт департментот.

Москва минатата година објави дека го одложува ноемврискиот состанок со САД за инспекциите врз основа на договорот, обвинувајќи го Вашингтон за „непријателски” и „токсичен” став.

Последниот состанок на таа советничка комисија беше во октомври 2021 година.

Односите меѓу двете нуклеарни сили се на најниско ниво од почетокот на војната во Украина.

Во писмото објавено минатата недела, шефовите на неколку моќни комисии на американскиот Конгрес велат дека дејствијата и изјавите на Русија „покренуваат, во најмала рака, сериозна загриженост за нивното усогласување со договорот „Нов СТАРТ”.

Веднаш по доаѓањето во Белата куќа во јануари 2021 година, американскиот претседател Џо Бајден го продолжи времетраењето на тој договор за пет години, до 2026 година.

Договорот беше потпишан во 2010 година и го ограничува арсеналот на двете земји на максимум 1.550 распоредени боеви глави на секоја страна, што е за речиси 30 отсто помалку од претходната граница од 2002 година. Договорот го одредува и максималниот број на носачи на ракети и тешки бомбардери на 800

Поврзани новости