Вашингтон и Москва го осудија терористичкиот напад во Источен Ерусалим

by Fokus

САД го осудуваат терористичкиот напад на синагога во Израел, изјави заменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател. Тој додаде дека високи американски претставници се во контакт со нивните израелски колеги и дека не очекува никакви промени во планираната посета на Ентони Блинкен на Израел следната недела.

Заменик-претседателот на Советот на Руската Федерација (Горниот дом на парламентот), Константин Косачев ја изрази поддршката на неговата земја за израелскиот народ и го нарече денешниот напад „особено циничен и неприфатлив на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот”, пренесе ТАСС.

Прес-центарот на израелската полиција на Твитер објави дека вечерва бил отворен оган врз синагога во источен Ерусалим, во која според првичните информации загинале осум лица, а 10 се повредени. Нападот се третира како терористички акт.

Напаѓачот е елиминиран. Тој бил активен член на радикалната група „Бригадите на мачениците на Ал Акса”, јави ТАСС, повикувајќи се на „Једиот Ахронот

Поврзани новости