Вархеји излезе од карантин по два негативни теста за Ковид-19

by fokus

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји доби и втор негативен тест на корона вирус, по што излезе од карантин, во кој се наоѓа по посетата на Западен Балкан.

– Не сум веќе во самоизолација и ги продолжувам своите активности почитувајќи ги здравствените мерки. Останете безбедни, напиша Вархеји на својот твитер-налог.

Тој беше во самоизолација по добиената информација дека еден член на неговиот тим, со кој патувал во посета на Западен Балкан, бил позитивен на тестот на Ковид-19.

Поврзани новости