Вархеји: Албанија ги исполни условите за прва меѓувладина конференција со ЕУ

by Фокус

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји вели дека Советот за стабилизација и асоцијација на ЕУ и Албанија во Брисел потврдија дека иднината на Албанија и Западен Балкан е во ЕУ.

-Обезбедивме значителна поддршка за закрепнување преку Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан. Работиме дење и ноќе за да обезбедиме пристап до вакцините, преку Ковакс и други проекти затоа што се грижиме – нагласи Вархеји.

Тој додал дека Албанија, и покрај предизвиците што ги донела пандемијата на корона вирусот и земјотресот што ја погоди земјата во 2019 година, ги исполнила своите ветувања и критериумите за одржување на првата меѓувладина конференција.

Поврзани новости