Вархеј: Се воспоставува механизам за распределба на вакцините до Западен Балкан

by fokus

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј изјави дека Европската комисија ќе воспостави механизам за распределба на вакцините од земјите членки на ЕУ кон партнерските држави.

– Специјален фокус ќе биде на Западен Балкан и земјите од европското соседство, напиша Вархеј на Твитер.

Во документот кој ЕК го усвои денеска се наведува дека тој механизам би требало да им овозможи на партнерските земји пристап кон делот од 2,3 милијарди дози од вакцините кои ЕУ ги обезбеди низ заедничка набавка.

Се додава дека посебно внимание во тој процес ќе му се посвети на Западен Балкан, источното и јужното соседство на ЕУ и на Африка.

Поврзани новости