Вардар загуби од Мешков Брест на отворањето на Лигата на шампиони

by Фокус

Екипата на Вардар со пораз ја започна новата сезона во Лигата на шампионите откако на гостувањето кај Мешков Брест загуби со 24:22.

Македонскиот ракометен клуб одигра добар натпревар, но во неизвесната и драматична завршница избраниците на Стевче Алушовски сепак загубија.

Вардарци од стартот се до 40-тата минута на натпреварот имаше негатива од два гола, но тогаш успеа да дојде до израмнување од 15:15, по што прејде во водство.

Но, Вардар не успеа да ја задржи предноста, домаќините притиснаа и на крајот успеаја да слават со 24:22.

Поврзани новости