Вардар се „лизна“ во Кратово, но и Шкендија „киксна“

by fokus

Водечкиот тим во македонската прволигашка фудбалска конкуренција, Вардар, одигра 2:2 на гостувањето кај Силекс, но и тој бод им беше доволен на скопските „црвено-црни“ да ја зголема предноста на табелата, бидејќи најблиските ривали беa поразени.

И Вардар и Силекс во финишот имаа шанси да победат, но не ги искористија, па ремито е можеби и најправедно. Шкендија водеше по првото полувреме, но загуби од Струга, а истото им се случи и на струмичани во Чаир, па во Вардар нема толку да жалат за испуштената победа. Работнички победи по подолго време и се враќа во битката за опстанок, додека „лавовите“ од Ѓорче во судиското продолжение се извлекоа од пораз во Тетово.

РЕЗУЛТАТИ: Работнички – Борец 2:1, Ренова – Македонија Ѓорче Петров 1:1, Шкупи – Академија Пандев 3:1, Силекс – Вардар 2:2, Струга Трим Лум – Шкендија 2:1.

ТАБЕЛА: Вардар 32 бода, А. Пандев 27, Шкендија 24, Силекс 23, Шкупи, Македонија ЃП и Струга по 22, Ренова и Борец по 16, Работнички 14.

Поврзани новости