Вардар преку видео се прости од своите ракометари

by fokus

Европскиот ракометен првак Вардар имаше сезона за незаборав зад себе. Екипата од Скопје по вторпат во својата историја се качи на врвот на Европа.

Ова беше последна сезона за неколкумина ракометари на тимот, кои ќе се разделат со „црвено-црните“ ова лето.

Вардар преку видео на својот профил на Фејсбук им се заблагодари за заедничките победнички моменти на овие ракометари.

Ви благодариме Дејан Милосављев, Рожерио Мораеш, Глеб Калараш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Јања Војводиќ и Роберто Парондо. Заедно се радувавме на одлични моменти, трофеи и титули. Ги освоивте нашите срца. Уживајте во шампионскиот успех.СРЕЌНО!

Publiée par RK Vardar 1961 sur Jeudi 13 juin 2019

Поврзани новости