Вардар по 14. пат го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

by fokus 19:50
19:50

Екипата на Вардар вечерва во Скопје го победи Еурофарм Пелистер со 26:24 во финалето на Купот на Македонија и по 14-ти пат го освои вредниот трофеј.

„Црвено-црните“ до победата дојдоа со подобра игра во текот на целиот меч, иако битолчани со подобра игра во финишот успеаја да внесат неизвесност пред крајот.

- Advertisements -

Пелистер Еурофарм во финалето беше значително ослабен со неиграњето на Стипе Мандалиниќ кој е повреден.

За најкорисен играч (МВП) на завршниот турнир е прогласен вардарецот Иван Чупиќ кој финалето го заокружи со седум гола.

Признанието за најдобар голман му беше доделено на Борко Ристовски исто така од Вардар, додека Периќ од Пелистер е најдобар стрелец на целиот турнир.

Веќе в четврток двете екипи ќе се сретнат во Битола во меч од плејофот по кој ќе биде познат и шампионот.

Поврзани новости