Вардар добива нов сопственик за неколку дена?

by Fokus

Македонскиот спортски бренд Вардар во текот на наредната седмица би требало да добие нов сопственик, дознава неофицијално „Фокус“.

Според нашите информации, работите за официјализирање на договорот се во напредна фаза и се очекува кон средината на оваа седмица се да биде официјализирано и соопштено во јавноста.

Наводно, долгот од повеќе од два милиони евра на клубот ќе биде подмирен и првична цел на новите луѓе во раководството ќе биде враќање на тимот во Првата лига, откако претходната сезона вардарци испаднаа во второлигашката конкуренција.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости