Ванхојте: Не се испочитува Законот за специјален обвинител

by Фокус 17:50
17:50

Белгискиот експерт и посредник во преговорите за спроведување на договорот од Пржино, Питер Ванхојте, денеска изјави дека со одлуката на Јавното обвинителство да избере само седум од обвинителите кои ги предложи Катица Јанева, не е испочитуван Законот за специјалното обвинителство и поради тоа една од партиите ги напуштила преговорите.

-Законот предвидува обвинителката да ги добие сите ресурси, финансиски и персонал, што таа ги побара и за што таа презентираше извештај. Очигледно овој принцип напишан во Закон не се почитува и една од партиите одлучи го напушти состанокот на работната група. Мислам дека сите треба да го почитуваат и да се држат до Договорот. Ова беше договорено во работната група, во Законот во Договорот на сите партии. Тажно е што некои луѓе мислат дека можат да го надвладеат Законот, рече Ванхојте.

- Advertisements -

СДСМ денеска ги напушти преговорите и сооппшти дека за нив Договорот од Пржино веќе не е активен, зашто со одлуката на Јавното обвинителство да избере само седум од обвинителите кои ги предложи Катица Јанева, тој е прекршен.

Поврзани новости