Ванхојте и ЗНМ се сретнаа со Талат Џафери

by fokus

Претставници на ЗНМ и европскиот експерт Питер Ванхојте денеска се сретнаа со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со кого разговараa за идните приоритетни реформи во медиумите и за важната улога на Собранието во нивното спроведување.

Експертот Ванхојте истакна дека за да може Собранието да ја следи динамиката на реформите треба да се зајакнат неговите капацитети, посебно во делот на организирање на расправите во работните тела и усвојувањето на медиумските закони.

Според него, улогата на Собранието за медиумските реформи е важна и поради процесот на селекција и избор на членовите на Програмскиот совет на Македонската радиотелевизија и на Советот на Агенцијата за медиуми, кој треба да биде транспарентен и врз основа на јасни критериуми со цел да се изберат најдобрите пријавени кандидати.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани смета дека Парламентот има важна улога и одговорност за обезбедување на слободата на говорот во земјата. Тој рече дека Парламентот еднаш годишно треба да организира дебата за слободата на говорот и да ги искористи сите механизми за подобрување на состојбата.

Поврзани новости