Ванхојте до Груевски: Кога некому не му се допаѓа пораката , го убива гласникот

by Фокус

Нема да коменатирам многу, само сакам да кажам кога некому не му се допаѓа пораката , го убива гласникот. Вака посредникот Питер Ванхојте за телевизија 24 Вести ја искоментира изјавата на премиерот Груевски дека тој е само извршител со своја агенда , кој зема дебели дневници и не помага во преговорите.

-Тука сум да постигнам резултати, согласно европските вредности и стандарди. За некои луѓе ова можеби е проблематично, но исто така верувам дека постои само еден начин за напредок кон интеграција во НАТО и ЕУ. Треба барем да се биде проактивен и да се покаже политичка волја дека сте подготвени и активни да имплементирате се што е потребно да се постигнат резултати за интеграција во НАТО и ЕУ, изјави Ванхојте за 24 Вести.

Премиерот Никола Груевски во неколку наврати упати слични обвинувања до Ванхојте. Рече и дека посредникот ги навредил и тие затоа на еден ден ги напуштиле преговорите за медиумите.

Поврзани новости