Ванхауте преку мачката: Ме има три пати во списокот, можам да гласам пет пати во ист ден!

by Фокус

Посредникот во преговорите, Питер Ванхауте на Твитер профилот продолжува со објавување фотографии од мачки кои ја коментираат актуелната ситуација во Македонија и ги пренесуваат неговите пораки. Тој по посетата на Брисел во средата е повторно во земјава, но засега нема информации дали ќе продолжи да ја води работната група за имплементација на Договорот од Пржино. Преговорите се заглавени околу Законот за медиуми, кој е еден од условите за одржување избори. Со пролонгирањето на реформите во медиумите практично се загрозува и датумот за избори на 5 јуни.

Во последните две пораки Вахауте напиша:

„Обожавам избори, можам да гласам 5 пати во ист ден!“

„Ме има три пати на изирачкиот список, можам да се изберам самиот?“

Со овие пораки тој како да сака да предупреди дека многумина граѓани на социјалните мрежи започнаа со поплаки и обвинувања околу избирачкиот список. Веќе се пријавуваат непостоечки адреси, фантомски гласачи, имиња кои се повторуваат по неколку пати и слични пропусти во списокот. Ова значи дека Државната изборна комисија ќе мора да најде метод како да ги обработи сите пријави на гласачите за недоследности.

Поврзани новости