Вангеловски од Владата ќе бара да не се крати од судскиот буџет

by Fokus

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, бара од Владата да се стопира одлуката со ребаланс на буџетот да се скратат средства наменети за судството. На Судскиот совет му предложи со писмо до Владата да побара наместо да се крати од судскиот буџет тој да биде зголемен.

-Загрижувачки е односот на извршната власт во однос на судството. Ние имаме закон за судски буџет кој во континуитет, за жал, се крши од страна на власта – рече Вангеловски на денешната средба со членовите на Судскиот совет.

Додека претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, е на исто мислење, судијата Селим Адеми посочи дека судскиот буџет во континуитет години наназад претпрпувал кратења со ребалансот, но Судскиот совет за тоа реагира по прв пат годинава.

– Ова со кратењето  загрижува многу години. Но, жалам што Судскиот буџетски совет досега не реагирал како што треба за да го заштити судството. Јас сум тука четири години, судството постојано има проблем со кратење пари, не се дава тоа што треба. Но, Судскиот буџетски совет ништо не направи – рече тој.

Инаку, со предлог ребалансот на буџетот предвидено е од судството да се скратат околу 40 милиони денари.

Поврзани новости