Вангеловски: Лично јас ќе поднесам кривични пријави за оние кои местеле судски предмети!

by fokus

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, коментирајќи ги забелешките во вториот извештај на Прибе, во врска со судството, за неделникот „Фокус“ изјави дека не е спорно дека за сторено кривично дело секој треба да одговара, вклучувајќи ги и судиите.

Претседателот се согласува со забелешките во извештајот, коментирајќи дека и тој е убеден дека предмети, наместо електронски, се местеле, и тоа според неговите сознанија од страна на двајца претседатели на судови, односно, наместо АКМИС системот тие одлучувале кои судии да постапуваат по одредени предмети.

Тој најавува дека во наредниот период Врховниот суд ќе направи сеопфатна контрола на поделбата на предмети, пред се во Кривичниот суд, бидејќи како што вели, таму се случувале најголеми злоупотреби.

-Ќе спроведеме контрола за која сум убеден дека ќе ги потврди сомнежите, бидејќи знам дека се местеле предмети кај судии. Одговорно тврдам дека тоа се случувало пред доаѓањето на вд претседателот Стојанче Рибарев, а го правеле претходните претседатели на судот. Откако злоупотребите ќе се докажат, јас ќе ги поднесам кривичните пријави против судиите и одговорните, истакнува Вангеловски за „Фокус“.

Повеќе детали за кривичната одговорност која се бара од судиите од страна на Прибе, прочитајте во најновиот број на неделникот „Фокус“.

Валентина Вурмо

Поврзани новости