Вангеловски: Ќе барам јавно извинување од СДСМ, или ќе тужам за навреда

by Fokus

Поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски за „Плусинфо“ порача дека не е воопшто вознемирен од соопштението на СДСМ, додавајќи дека ќе побара извинување од партијата.

„Ниту најмалку не сум вознемирен. Полна е со неточни податоци за постапката за мое разрешување. За предметот кој го спомнуваат постапката е запрена на 10.02.2020 година. А во таа постапка со мене сообвонети беа судии кои се унапредени, за што зборував во мојата денешна изјава. Меѓу нив е и нивниот миленик судијата Кире Здравев, сегашен претседател на Судскиот совет. За искажаната јавна навреда, доколку јавно не се извинат, ќе покренам соодветна постапка“, реагираше Вангеловски.

Поврзани новости