Вангеловски доби кривична пријава од Советот за утврдување на факти

by fokus

Советот за утврдување на факти денеска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, потврдува за „Фокус“, претседателот на Советот, Сашо Поцевски.

Причината за кривичната пријава е затоа што Вангеловски не и дозволил на Комисијата при Советот за утврдување на факти да влезе во судот за да направи увид во списите на предметите „Таргет“ и „Тврдина“.

Иако на 6 септември го известиле претседателот на Врховен дека на 13ти септември во 11 часот ќе го посетат судот, судската полиција не им дозволила да влезат во судот, со образложение дека Вангеловски наредил да не ги пуштаат во судската зграда.

Веднаш по заканата за кривична, Вагеловски изјави, како што рече, дека Поцевски не може да врши увид кога ќе му текне. Тој потврди дека и забранил на Комисијата влез во Врховниот суд.

-Не може кога ќе посакаат да дојдат во судот и да вршат увид во предмети. Тој ден беше зголемена безбедноста во судот, бидејќи на јавна седница се разгледуваше жалба на осуден на доживотен затвор, па поради тоа беше и ограничено движењето. Писмено им објаснив дека дополнително ќе бидат известени кога и дали ќе можат да извршат увид во предметот – изјави Вангеловски неодамна.

Поврзани новости