Вандализам во Домот во Битола на денот на албанската азбука

by fokus

Mузејот на албанската азбука во Битола утрово осамна со искршени прозорци и пораки со навреди за Албанците.

Неофицијално полицијата веќе го знае сторителот, бидејќи камерите од обезбедувањето го снимиле како лепи плакат и со бехатон плочки ги шкрта стаклата од влезната врата. На залепениот плакат има лав со меч на кое се напишани навредливи текстови.

Директорот на Домот  Нуер Арслани го осуди ваквиот настан и порача да се чуваат меѓуетничките односи.

Инаку, денеска се одбележуваше денот на Албанската азбука. На денешен ден во 1908 година, Албанци интелектуалци од Балканот на конгрес во Битола ја унифицираат албанската азбука.

Поврзани новости